Прв форум за пластична хирургија

Операција на нос (Ринопластика)

Go down

Операција на нос (Ринопластика)

Пишување by CatWoman on Вто Окт 23, 2012 9:00 pm

Ринопластика, или повторно моделирање на носот, е една од најраширените постапки за пластична операција. Ринопластиката може да ви го намали или зголеми носот, може да ја смени формата на работ и сводот од носот, може да ги намали ноздрвите или да го смени аголот на носот во однос на горната усна. Истотака, таа може да поправи и некои вродени аномалии и може да помогне во решавањето на проблемите со дишењето.

Најпогодни кандидати за ринопластика
Ринопластиката за зголемување, го подобрува вашиот изглед, ја зголемува вашата самодоверба; меѓутоа, резултатите може и да не одговараат на вашите идеали. Размислете внимателно за вашите очекувања пред да се одлучите за операцијата и дискутирајте за тоа со вашиот хирург.

Најпогодните кандидати за ринопластика се оние кои се со очигледна деформација на носот и кои сакаат тоа да им биде поправен. Доколку физички сте здрави и реални сте во очекувањата, можете да бидете добар кандидат.

Ринопластиката може да се изведе со цел да се постигне естетскиот идеал или за реконструктивни цели, а и како што се вродените аномалии или корекциите на проблемите за дишење.

Возраста е значаен фактор. Голем број на хирурзи не сакаат да вршат операции на млади луѓе кај кои сеуште не е целосно завршен процесот на растење – тоа е возраста околу 15-17 години кај девојките а кај момчињата малку подоцна, некаде на возраст од околу 17-19 години. Важно е да се земе во обѕир социјалниот и емоционалниот план на младиот човек и да се биде сигурен дека тоа е негова сопствена воља а не воља на неговите/нејзините родители.

Обезбедувајќи вршење на операцијата на ринопластија од страна на искусен хирург, компликациите се ретки и од мал степен. Како и да е, секогаш има веројатност од компликации како што се, крварење на носот, реакција на анестезија, и мошне ретко, инфекција. Можете да го намалите ризикот со внимателно придржување кон советите на вашиот хирург и пред и после операцијата.

Кога ринопластијата се изведува во внатрешноста на носот, после операцијата не се видливи лузните; кога се користи “отворената“ техника, или кога широките ноздрви се стеснуваат, на основата од носот се јавуваат мали, неприметливи лузни кои, обично се невидливи.

Приближно еден од петнаесет пациенти може да побара повторна постапка – на пример; тоа може да биде корективна хирургија на мала деформација. Корективната хирургија обично е мошне мала операција.

После операцијата

После операцијата, особено во текот на првите 24 часа, ќе почувствувате отекување на лицето. Може да имате лесна болка на носот и тапа главоболка. Носните завои ќе го спречат дишењето преку нос; ве молиме да не ги чепкате носните завои. Било кои нелагодности може да се стават под контрола со аналгетици препишани од страна на вашиот лекар. Првиот ден од операцијата, би требало да лежите со главата во крената позиција (со исклучок кога одите во WC).

Во текот на два-три дена ќе осетите отекување и црвенило околу очите кои се зголемуваат и кои го достигнуваат врвот. Ладните облоги ќе го намалат отекувањето и ќе направат да се чувствувате подобро. Во секој случај, подобро ќе се чувствувате отколку што ќе изгледате. Отекувањето и црвенилото ќе исчезнат во текот на две недели (Некои тешко-приметливи отекувања кои само вие и лекарот ќе ги приметите, ќе исчезнат во текот на неколку месеци). Поради отекувањето, работ од вашиот нос ќе изгледа повеќе кренат отколку што навистина е, кое ќе помине штом помине отекувањето.

Може да имате лесно течење на носот во текот на првите неколку дена после операцијата; тоа е очекувано. Истотака во текот на неколку недели може носот да ви биде затнат. Штом ткивата заздрават, хирургот може да ве замоли да во текот на една недела редовно да ги испразните нечистотиите со издувување преку носот. Носните завои ќе бидат отстранети во текот на неколку дена (оваа постапка не е болна) и ќе се чувствувате поудобно. Гипсот ќе биде отстранет недела дена подоцна; меѓутоа, понекогаш може да затреба поставување на гипс по вторпат. Конците во внатрешноста од носот ќе исчезнат сами по себе. Конците на колумеллата (ринопластија со “отворена“ техника) ќе бидат отстранети во текот на 5-7 дена.

Формата или положбата на септумот може да се измени за да се отвори пат за дишење. Или искривените делови од септумот може да се отстранат. Носниот гипс се користи за да се сочува новата форма на носот и да се намали отекувањето (едема).
avatar
CatWoman
CatWoman
CatWoman

Број на мислења : 33
Join date : 2012-10-21
Age : 33
Местолокација : Скопје

Преглед на профилот на членот http://plasticsurgeon.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Re: Операција на нос (Ринопластика)

Пишување by CatWoman on Вто Окт 23, 2012 9:01 pm

[You must be registered and logged in to see this image.]
[You must be registered and logged in to see this image.]
avatar
CatWoman
CatWoman
CatWoman

Број на мислења : 33
Join date : 2012-10-21
Age : 33
Местолокација : Скопје

Преглед на профилот на членот http://plasticsurgeon.forummk.com

Вратете се на почетокот Go down

Re: Операција на нос (Ринопластика)

Пишување by daksi on Сре Jул 10, 2013 10:09 pm

zdravo devojki me interisira kas ja pravevte korekcijata na nos bi sakala i jas kako posle operacijata imavte li bolki otekuvajne

daksi
Почетник
Почетник

Број на мислења : 1
Join date : 2013-07-10

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Операција на нос (Ринопластика)

Пишување by vafi on Сре Дек 04, 2013 12:54 pm

znae li nekoe vo drzavna bolnica skopje kolku e cenata za plasticna kirurgija na nosot so plavi karton isto tamu moze li i privatno znaci vo drzavna bolnica ?koliko dugo moras nosit zavoj vo nosot isto taka i za klepavi usi koliko e centa ako neko ima informacija ili broj od nekoj pravi doctor sto se zanima so toa da mi daete

vafi
Почетник
Почетник

Број на мислења : 1
Join date : 2013-12-04
Age : 26
Местолокација : makedonia

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Операција на нос (Ринопластика)

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот